Фото: Pixabay
Основачот на Facebook, Марк Цукерберг, најави голема промена на популарната социјална мрежа. Промена ќе има во алгоритмот што ја уредува почетната страница во рубриката Новости (News Feed).
“Добивме повратна информација од нашата заедница дека јавните содржини, објавите од бизниси, брендови и медиуми ги пропуштаат личните моменти, што нè водат кон поголемо поврзување едни со други”, напиша Цукерберг.
Facebook ќе ги намали постовите, фотографиите и видео – клиповите коишто ги споделуваат медиумите и компаниите. Приоритет на социјалната мрежа ќе имаат постовите што ги објавуваат пријателите и членовите на семејството.