Facebook направи дрон на соларна енергија со голем распон на крила

40

aquila dron

Најпознатата социјална мрежа на светот Facebook дизајнираше прототип на дрон на соларен погон, којшто има распон на крила како авионите Boeing 737, пишува Facebook newsroom.

Дронот под името Aquila, е направен во рамки на проектот Internet.org на Facebook, чија цел е да се овозможи пристап до интернет на околу четири милијарди луѓе ширум светот, кои досега немале пристап.

Тестирањата покажаа дека овој дрон може да достави десетина гигабајти податоци во една секунда.

Aquila тежи колку една третина од електричен автомобил. Неговите крила се изработени од карбонски влакна, коишто се посилни од челик, но и лесни како алуминиум.

Со оглед на тоа што е на соларен погон, теоретски би можел да лета скоро 90 дена, а да испраќа комуникациски сигнали во радиус од 50 километри. Дронот ќе се движи на поголема висина од онаа на комерцијалните авиони, а на него нема да може да влијаат ниту временските услови.