Facebook наскоро ќе тагнува автоматски

31

tag facebook

Социјалната мрежа Facebook наскоро ќе почне автоматски да ги препознава лицата на корисниците, користејќи ја технологијата DeepFace, пишува Yahoo news.

Софистицираниот софтвер, што моментално се развива, значи дека Facebook ќе може да го избере лицето на корисникот од голема група на луѓе, па дури и од масовни јавни настани, што можеби ќе значи нарушување на приватноста. Ова софтверско решение доаѓа од израелската компанија Face.com, специјализирана за препознавање на лица, која Facebook ја купи во 2012 година.

Оние кои ја користат оваа социјална мрежа веќе го користат алгоритмот што ги препознава нивните лица и им нуди опција за популарното тагнување (означување на фотографиите).