Facebook News достапни во сè повеќе земји

Од вторник, Facebook ќе обезбеди услуга за вести во Франција, наречена Facebook News, која ќе гарантира подобра видливост на медиумите и ќе одговори на наводите за дезинформации против социјалната мрежа.

Услугата првично ќе биде ограничена на мал број француски корисници на Facebook.

До мај треба да се прошири на сите корисници во Франција, изјави Меtа, американска компанија која е сопственик на социјалната мрежа.

Така, Франција станува петта земја што се отвора за Facebook News, по Соединетите држави кон крајот на 2019 година, Велика Британија во јануари 2021 година, Германија во мај и Австралија во август.

„Покрај класичните вести на Facebook, Facebook News е место каде што ќе се пренесуваат само информации од проверени извори“, бидејќи ќе бидат произведени од вистински медиуми, изјави Џеспер Дауб, директор за партнерства со информативни гласила за Европа во Мета, за AFP.

Лансирањето на Facebook News во Франција е можно благодарение на потпишувањето на начелен договор со Здружението за општи информации информации (APIG), за кое Facebook објави во октомври.

Според овој договор, француските издавачи на дневни весници ќе добијат надоместок за користење на нивната содржина за две години.

Благодарение на договорот, многу национални и регионални дневни весници ќе бидат вклучени во Facebook News, вклучувајќи ги Le Parisien / Aujourd’hui en France, Le Figaro, Le Journal du Dimanche, Les Echos и други.