Facebook отвора канцеларија во Лондон

43

facebook-76536_960_720

Фото: Pixabay

Компанијата Facebook во Лондон ќе отвори нова канцеларија со 800 нови работни места. До крајот на следната година, околу 2.300 луѓе ќе работат во канцеларијата во Велика Британија, пишува BBC.

Канцеларијата ќе биде најголем инженерски центар на Facebook надвор од САД. Никола Менделсон, заменик претседател на компанијата за Европа, Среден Исток и Азија вели дека Велика Британија во изминатата деценија зазема голем дел приказната на Facebook и дека се радува на продолжување на соработката.

“Развиениот претприемачки екосистем во Велика Британија и меѓународната репутација за врвно инженерство ја прават една од најдобрите места за изградба на технолошки компании“, вели Менделсон.

Канцеларискиот простор го дизајнираше архитектот Френк Гери и има 23.000 метри квадратни и седум ката.