Facebook планира да го сокрие бројот на лајкови под објавите

119

Главните луѓе во Facebook размислуваат да го сокријат бројот на лица кои реагирале на одредена објава на корисникот, за да им помогне на луѓето да не се чувствуваат лошо ако не добијат многу “лајкови“, пишува Digital Trends.

За TechCrunch, од Facebook потврдуваат дека ја разгледуваат таа можност, иако таа технологија допрва ќе треба да се тестира.

Социјалната мрежа Instagram, што е во сопственост на Facebook, веќе во неколку земји, меѓу кои: Канада, Австралија и Ирска, почна да спроведува таква пракса.

Извршниот директор на Facebook, Марц Цукерберг неодамна изјави дека сака луѓето да бидат “помалку заинтересирани за тоа колку лајкови ќе добие нивниот пост и повеќе да се фокусираат на поврзување со други луѓе“.

Фото: Pixabay