Facebook повеќе нема да ги детектира корисниците на фотографиите

27

Facebook ќе се обиде да го реши и проблемот со детектирање на луѓе на фотографиите. Од социјалната мрежа потенцираат дека корисниците повеќе нема да бидат скенирани веднаш откако ќе се прикачи некоја фотографија.

Оние кои ќе сакаат да ја имаат опцијата за скенирање ќе треба да побараат специјална дозвола.

Корисниците ќе бидат известувани кога алатката ќе биде достапна, но ништо нема да се случи доколку го игнорираат известувањето.

Означувањето ќе може да се прави како и досега, рачно, но без автоматските предлози коишто ги детектираа корисниците.

Фото: Facebook