Facebook развива технологија за типкање со мисли и “слушање“ преку кожа

66

face

Фото: Facebook

Во Facebook работат на технологија којашто на луѓето ќе им овозможи да управуваат со компјутерите со помош на сопствените мисли. Ова е една од најинтересните новости откриени на дводневната конференција F8, што се одржа во Сан Хозе, Калифорнија.

Building 8, тимот на Facebook задолжен за развој на продукти и истражување, на конференцијата најави два проекти фокусирани на “silent speech“, тивок говор што на луѓето ќе им овозможи да типкаат со мислите и ќе можат да напишат 100 збора за една минута, а вториот е да “слушаат“ преку кожата.

“Работиме на систем што ќе овозможи да типкате преку својот мозок пет пати побрзо отколку што типкате на мобилниот телефон. Сакаме овој систем да биде пренослив и масовно ќе се произведува“, објави на својот профил основачот на Facebook, Марк Цукерберг.

Целта на вториот проект е да овозможат на луѓето да “слушаат“ со својата кожа, а од Facebook велат дека работат на развивање на хардверот и софтверот потребен за реализација на тој проект. Системот што може да се спореди до Брајовото писмо, користи точки на притисок на кожата за пренос на информации, пишува BBC.