Facebook развива “висококвалитетни“ вести

22

Фото: Pixabay

Facebook развива нов сегмент посветен на “висококвалитетни“ и “доверливи“ вести, пишува CNN.

Според првиот човек на оваа социјална мрежа, Марк Цукерберг, овој сегмент ќе биде поставен на постоечкиот дел Watch. Овие вести ќе бидат одвоени од таканаречениот News feed, што останува непроменет.

“Бидејќи овој дел почна да расте навистина брзо, а голем број наши корисници  користат видео преку нашите услуги, затоа решивме дека е можно да се направи нешто такво и со вестите“, изјави Цукерберг.

Се очекува овој сегмент од Facebook  да биде достапен за корисниците до крајот на годината, а според најавите можно е за таа цел да биде ангажиран тим од новинари.