Facebook се соочува со казна “тешка“ пет милијарди долари

20

Фото: Pixabay

Најпознатата социјална мрежа, Facebook доби казна од пет милијарди долари, од страна на американските регулатори. Причина за казната е истрага што покажува дека Facebook не ја заштитила приватноста на милиони корисници, пишува Wall Street Journal.

Членовите на Федералната трговска комисија (Federal Trade Commission – FTE) гласале три наспроти два во корист на таа мерка.

Истрагата за Facebook е отворена минатата година откако британската консултантска компанија, Cambridge Analytics, којашто работела за кампањата на Доналд Трамп на изборите во 2016 година, имала пристап до лични податоци на 87 милиони корисници на социјалната мрежа.