Facebook со нова опција – изберете наследник на профилот по вашата смрт

23

legacy contact facebook

Facebook е место за споделување и поврзување со пријатели и познаници од целиот свет. Оваа социјална мрежа често пати се користи и да се даде чест на оние кои починале, а оставиле длабока трага во нечиј живот.

Порталот за новини на Facebook – newsroom.fb. ја воведува новата опција Legacy Contact на оваа социјална мрежа, која им овозможува на корисниците да изберат “наследник“ кој ќе управува со нивниот профил по смртта.

legacy-contact_message

Корисникот може да избере член од своето семејство или пак пријател за оваа намена, кој ќе може да напише пост – комеморација или специјална порака, да одговори на поканите за пријателство, да промени фотографија на профилот и слично, но ќе нема увид во приватните пораки.