Facebook тестира нова VIP верзија за славни

24

480-1Со цел да им го направи пристапот на Facebook уште полесен и поедноставен социјалната мрежа подготвуваа посебна VIP корисничка верзија за познатите и славните.

Веб страната All Things D пишува дека Facebook тестира апликација наменета специјално за славните пејачи, глумци, спортисти, со што би им се олеснило  пратењето на се она што се случува на нивните јавни профили кога не се во можност да пристапат до компјутер.

“Тестираме некои опции дизајнирани за познатите јавни личности со кои би им се олеснила комуникацијата со обожавателите”, потврди претставник од Facebook.

Се претпоставува дека со овој чекор социјалната мрежа пробува да ги поттикне славните личности да споделуваат повеќе информации од својот приватен живот со обожавателите.