Facebook во преговори за реално шоу со Кристијано Роналдо

23

Facebook е во преговори за реално шоу со фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо, наведува Variety.

Според повеќе извори, технолошкиот гигант преговара да креира документарна серија со Роналдо што ќе се емитува на Facebook Watch, видео платформа на социјалната мрежа, за ТВ содржина.

Роналдо е најпопуларниот спортист на Facebook- тој има повеќе од 120 милиони следбеници на неговата официјална страница и е еден од најпризнаените спортски ѕвезди во светот.

Во меѓувреме Роналдо веќе соработува со Facebook. Компанијата нарача драма серија за Facebook Watch со сценарио од новото студио на Роналдо и Пол Ли, wiip.

Facebook минатата година финансираше неколку оригинални серии за Watch, а проектот со Роналдо се очекува да чини 10 милиони долари.

Реалното шоу на Роналдо според изворите може да биде базирано на документарната серија на Том Брејди, Том против Времето, која го следи 40 годишниот играч на New England Patriots и на полето и во приватниот живот за време на неговата 18-та сезона во NFL.

Фото:Facebook