Со цел да собере уште повеќе приходи, Facebook се реши на уште една новина. Како што пишува Financial Times, на почетната страна на најпопуларната социјална мрежа автоматски ќе се појавуваат видеа.
Овие рекламни видеа се очекува да бидат лансирани на Facebook во јули годинава.
Рекламите ќе се појавуваат на корисничката страна или т.н. News feed, со тоа што првото видео ќe започнува да се емитува автоматски, но без звук. Притоа корисниците ќе имаат опција да го активираат звукот на видео рекламата, по што истата ќе почне од почеток.
Дали Facebook ќе успее да помине некритикуван со оваа новина, или пак само ќе ја разниша својата репутација, останува да видиме.