Facebook воведува новини во купувањето преку интернет

39

buy facebook

Facebook  на својата интернет страница ја тестира новата опција “купи“, која на корисниците ќе им овозможи да купуваат производи што се рекламираат преку оваа социјална мрежа.

Новата услуга, која Facebook ја нарече тест со “неколку мали и средни компании“ во САД, е дел од напорите на оваа социјална мрежа да има поголема улога во интернет продажбата.

Новата опција “купи“ ќе биде достапна и на мобилната верзија на Facebook, а им ќе овозможи на корисниците да купуваат производи директно од компаниите што се рекламираат.

“Информациите за кредитните и дебитните картички кои луѓето ќе ги споделат со Facebook при реализација на трансакцијата нема да се дели со другите огласувачи, а луѓето ќе имаат можност да изберат дали да им бидат сочувани податоците за следите купувања што би се реализирале во иднина“, стои на блогот на Facebook.

Оваа социјална мрежа од 2012 година воведе можност за корисниците да им купуваат подароци на своите пријатели, но по една година ја запреа оваа услуга.