Facebook воведува заеднички албуми за 50 корисници

24

shared-album-screenКорисниците на Facebook отсега ќе можат да споделуваат албум заедно со уште 50 други пријатели, односно секој од нив ќе може да додаде најмногу до 200 фотографии во истиот албум.

Тоа би значело дека споделуваните албуми ќе можат да содржат и до 10.000 фотографии. Претходно албумите беа ограничени на 1000 фотографии, а корисниците можеа да ги прикачат истите само на сопствениот албум.

Оваа новина на социјалната мрежа е направена со цел корисниците да можат повеќе да комуницираат и да споделуваат во групи. Досега корисниците можеа да споделуваат фотографии со пријателите преку Instagram, но за поголеми настани, како свадби, дипломски или летни одмори, оваа опција е токму она што недостасуваше.

Корисните на Facebook ќе можат да ги споделуваат овие нови групни албуми со сите, само со пријатели и оние кои прикачувале фотографии во него или само со пријателите кои допринесуваат за албумот.