Fairfax го купува BlackBerry

23

blackberryКанадската компанија BlackBerry ја прифати понудата за 4,7 милијарди долари да биде продадена на најголемиот акционер Fairfax, кој веќе поседува 10% од акциите. Финансискиот холдинг, чија основна дејност е осигурувањето, понуди по девет американски долари за акција.

BlackBerry поради финансиски проблеми најави дека до крајот на годинава ќе отпушти скоро 40% од вработените. Во 2012 година BlackBerry забележа загуба од 646 милиони долари, а приходите паднаа за 40%, на 11 милијарди.