Фајзер очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините

61

Американскиот фармацевтски гигант Pfizer објави пад на приходите во третиот квартал, со драстично опаѓање на продажбата на неговата вакцина против Ковид-19, но ја зголеми својата проценка за овогодинешниот приход од вакцините на 34 милијарди долари.
Приходите на американскиот гигант паднаа за шест отсто во периодот од јули до септември, на 22,64 милијарди долари.

Нето добивката забележа ист процентуален раст, на 8,6 милијарди долари.

Приходите од продажбата на вакцината против Ковид паднаа за 66 отсто на 4,4 милијарди долари.

Продажбата на вакцината Comirnaty, развиена од Pfizer во партнерство со германската BioNTech, падна од највисоко ниво во екот на пандемијата, бидејќи многу земји се блиску до крајот на нивните примарни кампањи за вакцинација.

Исто така, се стравува дека побарувачката за адаптирани вакцини за кампањата за вакцинација може да биде слаба.

Поради тоа, Pfizer се надева дека ќе ја зголеми цената на вакцината приближно четирикратно во САД откако владата ќе престане да купува дози и ќе се префрли на продажбата на пазарот.

Во вторникот, компанијата ја зголеми својата проценка за овогодинешниот приход од вакцините за две милијарди долари, на 34 милијарди долари.

Извршниот директор Алберт Бурла во интервју рече дека компанијата се обидува да покаже како ќе изгледа за Pfizer по кризата со Ковид.