Fallen Furniture e британска компанија која изработува уникатни парчиња мебел. Тие во својот креативен процес користат стари и автентични делови од воени и цивилни авиони. Едно од нивните најинтересни парчиња е The Bomb, односно кабинет за чување пијалоци, кој е направен од вистинска бомба–R.A.F. MK1.
Креирањето на мебел од делови кои некогаш биле воена машинерија е навистина уникатно доживување. Токму тоа на парчињата Fallen Furniture им дава единствен стил и голема доза на привлечност, како што е случајот со The Bomb.
Кабинетот е направен од високо полиран алуминиум и челик кој е со одличен квалитет. Неговата внатрешност е од полиран месинг и лакиран црн американски костен, кој е искористен за полиците и делот за вратичката.
Исто така, внатре во кабинетот се наоѓаат додатоци од месинг што служат за подготовка на коктели. Сите овие карактеристики го прават ова уникатно парче мебел совршен подарок за љубителите и колекционерите на скапи пијалаци и за оние кои имаат префинет стил за парчиња мебел.