Фалсификатор на LEGO производи доби парична казна од 7,7 милиони евра

16

Фото: Pixabay

Извесен продавач на фалсификувани LEGO® производи во Јужна Кореја доби две години условна казна, 10 месеци затвор и парична казна од околу 7,7 милиони евра за кршење на авторските права на LEGO групацијата, се вели во соопштението објавено од компанијата.

Окружниот суд во Сеул го прогласил за виновен извесниот продавач за поседување на 1.348 фалсификувани брендирани производи од линијата на Lepine, LELE и SY. Производите биле затекнати на полиците на неговиот дуќан, кога Специјалната правосудната полиција на корејското Министерството за култура, спорт и туризам го посетила во јуни 2017 година.

Веднаш потоа сите производите биле запленети, а сопственикот на објектот бил осуден и поради тоа што продал 2.627 производи-имитација на LEGO преку онлајн продажните центри во периодот помеѓу јуни 2016 и јуни 2017 година.

Инаку LEGO групацијата е позната по тоа што многу сериозно ја сфаќа заштитата на својата интелектуална сопственост и постојано ги презема сите неопходни чекори за да ги обезбеди авторските права на сопствените трговски марки и патенти.