ФАО: Глобалните цени на храната опаѓаат десетти месец по ред

43

Глобалните цени на храната паднаа десетти последователен месец во јануари, објави во петокот Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

Индексот на цените на храната на ФАО во јануари во просек изнесуваше 131,2 поени, што е за 0,8 отсто помалку од претходниот месец, јавува Anadolu Agency.

Падот  беше предводен од падот на индексите на цените на растителните масла, млечните производи и шеќерот, додека индексите на цените на житото и месото останаа главно стабилни минатиот месец.

Индексот на цените на храната на ФАО е индекс пондериран според трговијата кој ги следи цените на меѓународниот пазар на пет главни групи на прехранбени производи.

Во јануари индексот на цените на растителните масла падна за 2,9 отсто на месечно ниво, поради пониските светски цени на маслата од палмa, соја, сончоглед и семе од репка.

Поттикнат од пониските меѓународни цени на путерот и млекото во прав, индексот на цените на млекото падна за 1,4 отсто од декември на најниско ниво во последните 12 месеци во јануари.

Индексот на цените на шеќерот е намален за 1,1 отсто, што е прв пад по остриот пораст во претходните два месеци.

Индексот на цените на месото благо падна за 0,1 отсто во јануари, што е седми последователен месечен пад, додека индексот на цените на житарките порасна за 0,1 отсто.

Фото: Pixabay