ФАО: Цената на храната се зголеми за прв пат по осум месеци

Цените на храната се зголемија во март 2024 година за прв пат по осум месеци, како одраз на наглото зголемување на цената на растителните масла, објави Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО).

Индексот на цените на ФАО на кошничката основни прехранбени производи се зголеми за 1,3 поени во однос на ревидираната вредност во февруари и во просек изнесуваше 118,3 поени. Тоа значи дека на месечно ниво се зголемени за 1,1 отсто.

Кошничката со основни прехранбени производи поскапе на месечно ниво за прв пат од септември 2023 година, покажуваат податоците на ФАО. Во однос на ланскиот март е поевтин за 7,7 отсто.

Растителните масла поскапеа најмногу на месечна основа, за осум отсто, достигнувајќи највисоко ниво во една година поради намаленото производство на палмино масло и солидната побарувачка во Југоисточна Азија. Цените на маслото од соја беа поддржани од силната побарувачка во секторот за биогорива, особено во Бразил и САД.

Забележително поскапеа и млекото и млечните производи, за 2,9 отсто во однос на февруари, што е одраз на растот на цената на сирењето и путерот, пренесува Хина. Месото поскапе за 1,7 отсто, поради силната побарувачка на живина, свинско и говедско месо. Шеќерот, пак, нагло падна, за 5,4 отсто, главно поради подобрените проценки за индиското производство во сезоната 2023/2024. и забрзаното темпо на берба во Тајланд.

Во март значително поевтинија и житариците, за 2,6 отсто во однос на февруари, што е одраз на пониските извозни цени на пченицата во услови на жестока извозна конкуренција од ЕУ, Русија и САД и откажаниот кинески откуп. Од друга страна, пченката поскапе, делумно поради логистичките тешкотии во Украина. Во споредба со ланскиот март, житариците поевтинуваат за 20 отсто.

Во посебен извештај за понудата и побарувачката на пазарите за жито, ФАО повторно маргинално ја зголеми проценката за светското производство на жито во 2023 година на 2,841 милијарди тони. Тоа би значело дека во однос на претходната година е зголемен за 1,1 отсто, ја потврдија проценката од март.

Тие ја зголемија проценката на потрошувачката на жито во сезоната 2023/2024 година на 2,83 милијарди тони, што би претставувало зголемување од 1,3 отсто во споредба со сезоната 2022/2023 година. Со тоа светските залихи на жито ова лето, на крајот на сезоната 2024 година, ќе изнесуваат 894 милиони тони.