Фарма за производство магарешко млеко за заштита на овие животни

18

ml

Магарешкото млеко е познато по неговите лековити потенцијали и се продава по цена од 50 евра за литар, но овој бизнис може да биде сламка за спас за овој вид на животни на Балканот, бидејќи нивниот број е значително намален, пишува B92.

“Млекото е исклучително здраво и лечи кожни болести, астма и бронхитис“, вели Дарко Савељиќ, кој има триесет магариња на својата фарма во Црна Гора.

Пред триесетина години немало куќа во црногорските села што немала магаре, а сега според официјалните податоци во Црна Гора има околу 500 магариња и овие животни се вклучени во листата на заштитени автохтони видови.

Савељиќ, кој е орнитолог по професија, пред една година вознемирен поради намалениот број на магариња основал засолниште за нив, а производството на ова скапо млеко е еден од начините да го одржи.

Влезницата во ова засолниште е килограм моркови или јаболки, а за семејствата кои имаат аутистични деца влезот е бесплатен, бидејќи според родителите интеракцијата со овие животни носи позитивни промени во однесувањето кај овие деца.