Фармацевтската компанија Actavis го промени своето име во Allergan

57

allergan aktavis

Фармацевтската компанија Actavis го промени своето име во Allergan, три месеци по аквизиција на компанија за производство на ботокс, пишува Wall Street Journal.

Компанијата најави дека започнува кампања за ребрендирање ширум светот, која ќе има за цел да го најави новото име на Actavis. Американскиот и канадскиот бизнис со генерички лекови ќе продолжи да функционира под името Actavis, поради препознатливоста кај клиентите.

Actavis ја презеде компанијата Allergan за 70,5 милијарди долари, што беше најголемата аквизиција во 2014 година. Новата компанија претставува најголемиот продажен сегмент за лекови, нудејќи медикамент за очи, кожа и стомачни болки.