Фармацевтски гигант прогласен за виновен во скандалот со лекови за слабеење со стотици смртни случаи

226

Фармацевтската група Servier е осудена на парична казна од 2,7 милиони евра, а Агенцијата за лекови на казна од 303.000 евра по судењето за скандалот со лекот Mediator.

Жан-Филип Сета, поранешниот втор човек на лабораториите Servier беше осуден на четири години условна казна затвор.

Паричната казна од 2,7 милиони евра за лабараториите Servier е поради тешка измама и ненамерни убиства и повреди во здравствениот скандал на нивниот лек Mediator, кој се смета за одговорен за неколку стотици смртни случаи.

Лабораториите Servier  ја ослабнаа довербата во здравствениот систем, изјави претседателот на судот Силви Донис. Од друга страна, лабораториите беа ослободени од фактите за измама.

Националната агенција за безбедност на лекови (АНСМ), беше осудена за одложувањето на суспендирањето на продажбата на Mediator, беше казнета со 303.000 евра. Кривичниот суд смета дека Агенцијата “не успеала во (улогата) на здравствена полиција и полицаец на лекови“ и изрече максимална казна од 225.000 евра за „убиства и присилни повреди“ од небрежност, на кои се додаваат парични казни до 78.000 евра.

Фото: Pixabay