Фармацевтската компанија Novartis треба да плати над 346 милиони долари како казна за подмитување лекари, болници и клиники во Грција и Виетнам, за да се користат нивни лекови и хируршки производи, пишува Ројтерс.
Американското министерство за правда соопшти дека Novartis Hellas, швајцарска дивизија со седиште во Грција, се согласи да плати казна од 225 милиони долари.
Novartis, исто така, ќе плати и 112,8 милиони долари за покривање на трошоци од граѓански парници и дополнителни 8,9 милиони долари за кривична казна.
Фото: Freepik