Фармери од САД преработуваат вишок на млеко за добротворни цели

48

Фото: Pixabay

Абнер Штолцфус од Пенсилванија и неговото семејство поседуваат млечната фарма наречена Cedar Dream, пишува NPR.

Многу фармери од државата, како него во изминативе години со соочуваат со финансиски проблеми. Иако се повеќе фарми со новите технологии произведуваат повеќе млеко, помалку луѓе го конзумираат. Тоа предизвикува млечните цени да паднат и создава вишок којшто честопати се фрла.

За да излезе од кризата, лани тој одлучил да инвестира во опрема за праработување и научил како да произведува јогурт. Додека се обидувал да најде на кого ќе го продава се појавил несекојдневен клиент Philаbundance локално непрофитно друштво коешто вишокот храна го претвора во донација.

Philabundance “спасува“ сосема добро млеко, кое инаку би било фрлено, за да се направи сирење и јогурт за социјално загрозени семејства. Нивна задача е да им помагаат на фармери како Штолцфус.

Тие го земаат вишокот млеко и го носат кај локални произведувачи на сирење и така пеработено го даваат на центри за бездомници и народни кујни. Тоа значи и дополнителна заработка за фармерите.

На овој начин Штолцфус и други фармери не само што им помагаат на гладните, туку и заработуваат преработувајќи го вишокот млеко.