ФАС, НИС и Тигар најголеми српски извозници

53

fasФиат автомобили Србија (ФАС), Нафтена индустрија Србија (НИС) и Тигар од Пирот се најголеми српски извозници, објави министерството за финансии и економија. Овие компании имаат најголем придонес за раст на извозот за 24% во првите четири месеци во однос на истиот период лани.

Покрај нив, на списокот најголеми извозници се и компаниите Хип Петрохемија, Хемофарм, РТБ Инвест, Тетра Пак, Горење.

Министерството најави дека од овој месец воведува пракса јавно да го објавува списокот на најголеми извозници чие работење дава најголем придонес за економски раст на Србија.