Фасада што се движи на промена на светлина и топлина

180

triagolni paneli naslovna

Архитектонското студио Henning Larsen Architects ја дизајнираше зградата на новиот факултет во данскиот град Колдинг, пишува порталот dezeen.com.

Објектот е во триаголна форма составена од 1.600 триаголни панели од перфориран метал, коишто ја штитат зградата како чадори.

triagolni sareni

Сензорите за топлина и количина на светлина се поставени во повисоките нивоа околу целата зграда, овозможувајќи им на фасадните панели, во зависност од условите, да се отворат делумно или целосно. Дури и кога се затворени, кружните отвори ја контролираат количината на светлина и топлина што влегува во просториите.

triagolni paneli 1

Според архитектите, зградата ќе ги исполни строгите енергетски прописи коишто ги воведува Данска од оваа година.

fakultet danska triagolni