ФБиХ бара информации за висината на платите на своите претставници

30

evraВладата на Федерацијата БиХ бара преиспитување на прописите според кои се исплаќаат енормно високи плати на функционерите. Владата побара да и се достават информации за платите на сите нејзини претставници во јавните претпријатија, управи и агенции во кои нема мнозински дел.

Реагирајќи на податоците на Даночната управа на високите плати во јавниот сектор, Владата одлучи да побара информации од управите и претставниците на државниот капитал во претпријатија во кои нема мнозинска сопственост за висината на приходите и на основа на кои прописи се исплаќаат. Федералната влада формирала работна група која има за задача да предложи измени на важечкиот закон за плати во претпријатија со мнозински државен капитал, со цел да се вклучат бројни агенции во овој закон.

Владата заклучила дека сите јавни претпријатија во нејзина мнозинска сопственост се придржуваат кон законските одредби за ограничување на исплата на доход.

Медиумите минатата недела објавија дека директорите на претпријатијата во косопственост на ФБиХ, владини агенции, јавни установи, банки, декани и универзитетски професори имаат десет пати повисоки примања од просекот во овој ентитет.