ФБиХ ќе продава 14 претпријатија

28

bosnalijek

Владата на Федерација Босна и Херцеговина вчера донесе одлука за приватизација на 14 претпријатија. Со Планот за приватизација се опфатени претпријатија за кои неколку пати се објавувани јавни повици за продажба, во кои државниот капитал е малцински, како и оние кои во изминатиот период работат негативно и бележат евидентен пад на капиталот, пишува Klix.ba.

На продажба ќе бидат ставени Босналијек, Енергопетрол, Енергоинвест, Алуминиј Мостар, Хидроградња, Ремонтни завод Травник, Шипад експорт – импорт, Железара Зеница, КТК Високо, Агрокомерц, Конфекција Борац, Фабрика духана Мостар, ПС Витезит и Холдинг претпријатието Путеви БиХ Сараево.