ФБиХ: На полиците повеќе увозни отколку домашни производи

38

market bihИзмените на законот за внатрешна трговија во Федерација Босна и Херцеговина, според кои големите продавници веќе нема да бидат обврзани да имаат барем 50% домашни прехранбени производи на полиците, туку сега на трговците им се налага само да им обезбедат исти услови на сите, нема да ги заштити домашните производители и да им обезбеди еднаков третман.

Ова го велат од Здружението “Да купуваме и користиме домашно”, откако Владата на ФБиХ ги утврди нацрт измените и дополнувања на Законот за внатрешна трговија, откако пак претходно Европската комисија оцени дека е нарушена доследната примена на принципот на слободна трговија, меѓу другото, со воведувањето на обврската за барем 50% домашни производи во продажните трговски објекти поголеми од 1.000 метри квадратни, пишува Независне новине.

“На произведувачите им е тешко да дојдат до полица. Условите се тешки, а кога ќе се согласат на се, тогаш трговецот сам ја одредува маржата. Во некои центри даваат поголема маржа на домашните производи отколку на увозните и тогаш нашите стануваат неконкурентни. Она што може Владата да направи е барем да одреди горен и долен лимит за маржата”, вели претседателот на здружението, Адмир Капо. Според Капо, многу се зборува дека треба да се поддржи домашното производство, но никој не кажува како да се пласира домашната стока, па единствено во БиХ се случува на полиците во продавниците да има повеќе увозни отколку домашни производи.

Од влата на ФБиХ објаснуваат дека под обезбедување на исти услови се подразбира право на еднаква застапеност на стоката на сите добавувачи и нивно позиционирање во трговските објекти, како и рамноправен и недискриминаторски третман кон добавувачите при пласман и позиционирање на нивните производи на полиците, утврдување на маржите и начинот на плаќање, посебни понуди, промотивни активности и слични мерки при заклучување на купопродажните договори.