FDA го одобри лекот од 2,1 милион долари на швајцарската компанија Novartis

62

Американската администрација за храна и лекови (Food and drug administration – FDА) даде зелено светло за лекот Zolgensma на швајцарската компанија Novartis. Станува збор за еднократен третман за болеста спинална мускулна атрофија (SMA) кај бебиња и мали деца, којашто најчесто е фатална.

Цената на овој лек изнесува 2,1 милион долари што е досега највисока цена за медицински третман, пишува The Guardian.

Zolgensma е одобрен за деца под двегодишна возраст кои страдаат од SMA, вклучувајќи ги и оние кои сè уште не пројавиле симптоми на болеста.

Од Novartis екстремно високата цена ја правдаат со тоа што еднократен третман е подобра варијанта од скапите долгогодишни лекувања.

Терапијата вклучува внесување на вирус со цел да се создаде нормална копија на SMN1 генот кај бебињата родени со дефектен ген и се става преку инфузија. Експертите од Novartis велат дека со лекот досега третирале повеќе од 150 пациенти.

Во текот на годинава компанијата очекува одобрување на Zolgensma од Европа и Јапонија.

Фото: Pexels