FDA: Која е вистинската цена на кутија цигари?

23

reklama

Американската агенција за храна и лекови (FDA) се надева дека малку страв може да ги предупреди тинејџерите на последиците од пушењето цигари. Првата национална јавна едукативна кампања на Агенцијата, го користи стравот како оружје во борба против пушењето. Во кратките филмови, испаѓањето на заби и брчките на лицето се вистинската цена за кутија цигари.

Кампањата која чини 115 милиони долари ќе се прикажува на ТВ, радио, онлајн, во печатено издание, а таргет и се тинејџерите меѓу 12 и 17 години.

“Знаеме дека раната интервенција е најважна, затоа што скоро девет од десет пушачи првата цигара ја запалиле пред да наполнат 18 години”, велат од FDA.

Кампањата “The Real Cost” е идеја на агенцијата Draftfcb.