FEBO – алатка за гравирање со помош на сончевите зраци

59

febo

FEBO претставува едноставна алатка што овозможува гравирање и цртање со помош на сончевите зраци. Леќата ги фокусира зраците кон саканиот дел од сликата што сакате да ја нацртате или изгравирате, во зависност од материјалот за цртање.

febo 1

Овој уред е многу повеќе од обична лупа, бидејќи со помош на дрвениот дел може прецизно да се калибрира за да може полесно да се фокусираат сончевите зраци. За само неколку минути, со помош на FEBO, може да се персонализираат различни предмети.

febo 5

На глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, овој проект досега собра над 15.890 долари од 320 инвеститори.