ФЕД ги предупредува банките за ризиците од криптовалутите

30

Американското финансиско регулаторно тело го издаде првото предупредување до банките поради ризиците поврзани со пазарот на криптовалути, објави денеска Би-Би-Си.
Надзорните органи ги советуваат финансиските институции да бидат внимателни поради можни измами, правна несигурност и разни измами.

Во заедничката изјава, Федералните резерви на САД (FED), Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC) и Канцеларијата на контролорот на валутата (OCC) соопштија дека внимателно ги следат крипто активностите на банкарските организации.

„Настаните во изминатата година беа обележани со значителна нестабилност и изложеност на ранливости во секторот на крипто средствата“, се вели во соопштението.

Регулаторите, исто така, рекоа дека постои голема можност издавањето или чувањето на крипто токени, кои се складирани на јавни, децентрализирани мрежи, „не е во согласност со безбедните банкарски практики“.