Федералните резерви во средата посочија дека наскоро би можеле да ги зголемат каматните стапки за прв пат по повеќе од три години.
Групата за креирање политики на Фед соопшти дека наскоро ќе дојде до зголемување на референтната стапка на краткорочно задолжување за четвртина. Тоа би било прво зголемување од декември 2018 година.
Изјавата доаѓа како одговор на инфлацијата, која е на највисоко ниво во последните речиси четириесет години.
Во соопштението не е прецизирано точното време кога ќе дојде до зголемувањето, иако има индиции дека тоа би можело да се случи на состанокот во март.