ФЕД повторно ги зголемува каматните стапки

78

Банката на федерални резерви (ФЕД), која ја зголеми основната каматна стапка во март за прв пат по повеќе од три години (за 0,25 отсто), ќе ја зголеми дополнително во мај, веројатно за 50 базични поени.

Федералните резерви на САД (ФЕД) ја зголемија својата референтна каматна стапка во март за да се соочи со инфлацијата, највисока во последните 40 години, и изгледите таа да се влоши поради руската инвазија на Украина.

По дводневниот состанок во март, Комитетот за монетарна политика на ФЕД ги посочи ризиците од руската воена инвазија на Украина и санкциите.

„Краткорочно, инвазијата и поврзаните настани би можеле да извршат дополнителен притисок врз зголемената инфлација и негативно да влијаат на економската активност“, се вели во соопштението.

Во март 2020 година, ФЕД ја спушти својата каматна стапка речиси на нула за да ја поддржи економијата, која тогаш се соочуваше со ширење на Ковид-19. Меѓутоа, во последната година американската економија беше погодена од бран растечки цени.

Претседателот на Банката на федерални резерви Џером Пауел рече дека институцијата ќе направи се што може за да ја спречи инфлацијата без истовремено да го блокира економскиот развој.