ФЕД: Зголемувањето на каматните стапки е неизбежно

109

Претседателот на американската ФЕД, Џером Пауел синоќа изјави дека американската економија е доволно здрава и дека и е потребна построга монетарна политика.

Обраќајќи се пред Комитетот за банкарство, домување и урбани прашања на Сенатот на САД, Пауел рече дека очекува каматните стапки да се зголемат оваа година, заедно со намалување на програмата за итна помош на ФЕД за економијата за време на ерата на пандемијата.

„Во текот на оваа година, доколку работите се одвиваат според очекувањата, ќе ја нормализираме монетарната политика, што значи дека во март ќе ја прекинеме вонредната програма за купување обврзници, а во текот на годината ќе ги зголемиме каматните стапки“, рече тој.

Прашањата на членовите на сенатската комисија од двете партии, на двоиполчасовното сослушување на Пауел, беа фокусирани на инфлацијата која во САД достигна максимални нивоа во последниве 40 години.

Банката на федерални резерви, која во поголемиот дел од 2021 година тврдеше дека инфлацијата е „минлива“, се предомисли и сега се очекува да ја зголеми референтната каматна стапка три или четири пати оваа година, секој пат за четвртина процентен поен, според CNBC.

Зголемувањето на каматната стапка ја контролира инфлацијата со забавување на протокот на пари, односно негова забрзана циркулација низ економијата во време на пандемија, кога ФЕД и Конгресот заедно се влеаја во системот на стимулации во вредност од повеќе од 10 милијарди долари.

„Ако видиме дека инфлацијата останува на високи нивоа подолго од очекуваното, тогаш, ако треба, ќе ги зголемиме каматните стапки во наредниот период, ќе го сториме тоа. Ќе ги искористиме алатките што ни стојат на располагање за да ја намалиме инфлацијата“, рече Пауел.

Покрај зголемувањето на каматните стапки, ФЕД ќе ги намали и месечните набавки на обврзници, кои го зголемија билансот на американската централна банка за повеќе од 4,5 трилиони долари од првите денови на пандемијата.

Шефот на ФЕД посочи дека ќе започне со намалување на билансот на состојба подоцна оваа година, главно со тоа што ќе дозволи одредено намалување на нивото на приходи секој месец.

Пауел рече дека овие потези се одговор на економската состојба, при што сликата за вработување е силна со стапка на невработеност од 3,9 отсто во декември, но и со очекувана инфлација до 7,0 отсто на годишно ниво.

Она што всушност ни кажува оваа слика е дека на економијата повеќе не и треба или дека високо флексибилните мерки на монетарната политика што ги имавме за да се справиме со пандемијата и нејзините последици се непожелни. Оваа година ќе започнеме само со политика што е поблиску до нормалата. Но долг е патот до нормалата од каде што сме сега“, рече Пауел.