Федералните резерви ја зголемија референтната каматна стапка за 0,5 отсто

Први знаци за забавување на растот на каматите

Американската централна банка, Федералните резерви (ФЕД) во средата ги зголеми каматните стапки, по петти пат од јуни, за уште 0,5 отсто.

По четири последователни зголемувања на каматните стапки од по 0,75 отсто, овој пат растот е малку помал, а ФЕД покажа дека е подготвен постепено да го забави темпото на монетарното затегнување, бидејќи се појавуваат првите знаци на „заладување“ на инфлацијата.

Сепак, властите јасно ставија до знаење дека очекуваат борбата против високите цени да продолжи и следната година.