
Некои федерални вработени реагираа со отфрлање на ултиматумот на Илон Маск, кој во својство на специјален државен службеник во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од нив да го пријават својот допринос за претходната недела, а доколку не одговорат, може да се соочат со губење на работата.
Дополнително, коалицијата на синдикати и групи кои се борат против плановите на администрацијата на Трамп за масовно отпуштање на пробните работници, изминатиот викенд ја измени тужбата против Канцеларијата за управување со персоналот на САД (ОПМ), тврдејќи дека е-поштата со која им се наредува на работниците да ја оправдаат својата работна недела е нелегална, пишува NBC News.
Пораките на ОПМ беа испратени до вработените во саботата, набргу откако Маск напиша во објава на платформата X дека „сите федерални вработени наскоро ќе добијат е-пошта во која ќе бараат што направиле минатата недела и дека неодговорот ќе се смета за оставка“.











