Feedback

67

feedback

Фото: Pixabay

Сите сакаме да слушнеме од релевантни луѓе адекватен feedback за некоја работа што сме ја завршиле или сме ја започнале, но не знам колку сме навистина подготвени да го чуеме тоа. Не за друго, вистината понекогаш (да не кажам секогаш) боли. Затоа, слушањето и процесирањето на еден feedback е доста “захтевна” работа, како за примателот, но така и за личноста што ја дава.

Можеби и тоа е причината што постојат мал милион техники на споделување на feedback на соговорникот и сите тие, на некој начин, се насочени кон тоа како примачот ќе ја прими информацијата што сакате да ја пренесете. Па така, постојат:

  • ЕФЕКТИВЕН – чија цел е информациите што се пренесуваат, во иднина ефективно да се користат самостојно од примателот на информацијата. Критичкиот осврт кај овој метод е за да се опишат слабите и јаките страни.
  • ОПИСЕН – преку која на описен начин се укажува на грешките и како да се оди понатаму, но и што треба да се подобри.
  • ЕВАЛУАЦИОНЕН – каде што преку оцена или соодветна градација се мерат постигнувањата и не дава никакви насоки за тоа каде и што треба да се подобри.
  • МОТИВАЦИСКИ – кој се дава да се поддржи и да се поттикне работата на соговорникот, но не дава насоки за подобрување, туку само поддршка во сработеното, па затоа најчесто се дава како последна, односно кога сите претходно наведени се исцрпени.

И како што можете да прочитате, сите овие горенаведени начини имаа свое значење во понатамошниот тек на соработката или дружбата со соговорниците или пријателите. Дополнително на ова, повторно ќе кажам, не секој (поголем број, за жал) сака да го чуе вашето мислење, не затоа што не сакаат, туку затоа што не се подготвени.

Затоа, начинот на кој ќе го кажете вашето мислење е многу важен. И, ако направите истражување на интернет, ќе најдете многу начини како да го направите тоа, но кој и метод да го искористите, гледајте тоа да биде врз сопствено искуство. Вашето мислење засновајте го на вашето искуство или како би го направиле тоа вие. Што би направиле во таква ситуација или веќе сте направиле. Не за друго, туку сите други начини се сведуваат на тоа дека соговорникот е критикуван, а со тоа е нападнато и неговото его, а тоа секако, не го сакаме. А доколку го темелите на сопствено искуство, тогаш ем што го кажувате вашето мислење, ем е врз основа на ваше искуство.

Пробајте, ќе забележите многу работи, меѓу кои:

  • Давање ваше мислење врз основа на ваше искуство (исто или слично на темата што сакате да ја обработите) има друга димензија.
  • Ако немате искуство, можеби не сте компетентни да давате ваше мислење.
  • Ќе ви овозможи да научите нови работи, а сте требале вие да „научите” некого.

Тешко е, но не и невозможно.

Со успех во промените.