ФЕИТ организира Инфо ден за сите заинтересирани средношколци

30

FEIT poster

Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје организира Инфо ден за сите заинтересирани средношколци кои сакаат да го продолжат своето образование на оваа реномирана високо образовна институцијата.

Отворениот ден ќе се одржи на 08.06.2016 (среда) во холот на Факултетот, каде ќе биде поставен штанд на којшто сите заинтересирани ќе ги добијат потребните информации за запишување и студирање на Факултетот, околу студиските програми, условите за студирање и уписите (квоти, префрлување од една во друга студиска група, партиципација, стипендии).

Средношколците ќе може да ги погледаат и просториите и лабораториите на ФЕИТ каде ќе се одржува наставата.