Фејсбук фрли око на Европа – најави 10.000 работни места

22

Фејсбук најави дека во наредните пет години ќе отвори 10.000 нови работни места во ЕУ за висококвалификувани професионалци кои ќе помогнат во изградбата на “мета-вселена”, јави ДПА.

Создавањето паралелен дигитален свет е сон на основачот на Фејсбук Марк Цукерберг. Компанијата работи со други партнери за да развијат “нова фаза на меѓусебно поврзани виртуелни искуства користејќи технологии како што се виртуелната реалност и зголемената реалност”, рече Ник Клег, потпретседател на Фејсбук за меѓународни операции.

“Метавселената има потенцијал да отвори пристап до нови креативни, социјални и економски можности. И Европејците ќе ја обликуваат од самиот почеток”, се вели во соопштението.

Клег, поранешен британски вицепремиер, рече дека инвестицијата е „гласање за доверба во силата на европската технолошка индустрија”, нагласувајќи дека Европа е “исклучително важна за Фејсбук”.