Фејсбук го менува името?

62

Facebook Inc. планира да се ребрендира следната недела под ново име, пишува Verge. Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг планира да разговара за промената на името на годишната конференција на компанијата закажана за 28 октомври, но тоа би можело да се открие порано, пишува Verge.

Како одговор на наводите на порталот, Фејсбук рече дека не коментира „гласини или шпекулации“.

Веста доаѓа во време кога компанијата се соочува со зголемена контрола на американската влада врз своите деловни практики.

Во Силиконската долина, не е невообичаено компаниите да ги менуваат имињата додека  ги прошируваат своите услуги.

Ребрендирањето, исто така, ќе го одразува фокусот на Фејсбук на создавање метаверзум, свет на Интернет каде што луѓето ќе можат да комуницираат во виртуелна средина. Во текстот на Verge се наведува дека евентуалното име на компанијата може да има врска со Хоризонт.