Фејсбук го смени името

65

Марк Цукерберг објави дека компанијата Фејсбук официјално го сменила името. Отсега ќе се вика “Мета“. Цукерберг ги објави промените минатата недела и дека компанијата ќе доживее ребрендирање, па така компанијата која ги поседува и Instagram и WhatsApp ќе се вика Мета.

Засега нема повеќе информации колку се работело на промената на името – кога во јавноста стигна веста за ребрендирањето, медиумите објавија дека новото име не им било познато ниту на вработените во компанијата.