Поради блокадата во Русија Фејсбук губи 3,6 милиони долари дневно.
Соопштено е дека причината за блокадата е „дискриминација на руските медиуми“.
Компанијата заработува 19,68 долари по корисник во Европа, а во Русија имала 66 милиони корисници, додека по блокадата таа бројка сега, логично, е на нула.
На тој начин компанијата ќе губи 3,6 милиони долари дневно поради блокадата, што е 1,3 милијарди долари годишно.
Тоа е нешто повеќе од 1% од годишниот приход на Мета, бидејќи тие заработија 117,9 милијарди долари во 2021 година.