Фејсбук испадна од топ 20 највредни компании во Америка

79

Минатата година Мета (Фејсбук) беше рангирана меѓу петте највредни компании во САД, со вредност од повеќе од еден трилион долари. Сега, шеснаесет месеци откако ја „премина“ таа магична линија, компанијата се проценува „само“ на околу 270 милијарди долари, а падот на вредноста влезе во серија од три четвртини по ред. Поради сето ова, Мета сега испадна од листата на 20 највредни американски компании.

Компанијата последниот удар го доби во четвртокот, кога нејзините акции паднаа за 23 отсто. Само оваа година компанијата загуби 730 милијарди долари во вредност (70 отсто од својата вредност), додека во однос на максималната вредност постигната во септември 2021 година, вредноста е намалена за 74 отсто. Толку ниска вредност немаше од 2016 година. Кога станува збор за технолошките компании, Meta беше претекнат од Tesla и Nvidia по вредност на топ-листата, а Oracle е веднаш зад неа, пренесува PC press.

Марк Цукерберг, сопственикот на Мета, не успеа да го запре овој тренд, а според многумина, најмногу придонесе лично тој. Откако го промени името на компанијата во Мета, тој објави дека метаверзумот е сеопфатен виртуелен универзум кој опфаќа бизнис, забава и образование. Сепак, се чини дека инвеститорите го гледаат како ништо повеќе од „јама без дно“, додека главниот бизнис на компанијата, Facebook, доживеа значителен пад на приходите трет квартал по ред.