Фејсбук ќе се намалува: Цукерберг најави нагло намалување на трошоците на компанијата

173

По една деценија експлозивен раст, компанијата порано позната како Facebook планира да се намали.

Имено, Bloomberg пренесува дека извршниот директор на Metа, Марк Цукерберг, ги објавил плановите за замрзнување на вработувањата и реструктуирање на некои групи во рамките на компанијата.

Според Блумберг, Мета планира значително да ги намали буџетите во компанијата, вклучувајќи ги и тимовите во кои неодамна инвестираше.

Мета стави голем фокус на развојот на виртуелната реалност (VR) и создавање на сопствен метаверс во последниве месеци, а исто така се обидува да изгради кратки видео производи, како што се Reels, кои можат да се натпреваруваат со TikTok.

Мета не е единствената технолошка компанија која моментално се намалува, но замрзнувањето на вработувањата сè уште сигнализира релативно тешки времиња за матичната компанија на Facebook, Instagram и WhatsApp.

Додека многу технолошки компании моментално ги затвораат вратите за нови вработувања со оглед на влошената глобална економска перспектива, Мета исто така се бори со нови закани за нејзиниот адвертајзинг бизнис, првенствено поради промените во приватноста на iOS што Apple ги спроведе минатата година.

Цукерберг во јули сигнализираше дека е време на штедење за компанијата, истакнувајќи на интерен состанок дека неговата компанија се приближува кон еден од „најлошите падови што сме ги виделе во поновата историја“ и дека ќе го забави вработувањето. Мета веќе селективно го паузираше вработувањето во одредени организации во компанијата, но замрзнувањето на вработувањата во целата компанија означува нова ера, според Блумберг.

„Мислам дека некои од вас можеби ќе одлучат дека ова место не е за вас и дека самоизборот е во ред“, рече Цукерберг во интерниот повик ова лето. „Реално, веројатно има еден куп луѓе во компанијата кои не би требало да бидат тука.