Фејсбук во екстремни загуби: Марк Цукерберг изгубил 10,5 милијарди американски долари

63

Падот на вредноста на акциите во Фејсбук не влијае само на оние кои вложуваат, туку и на самите вработени. Според анализите на Вол Стрит Журнал секој вработен во оваа компанија од месец мај, кога акциите на Фејсбук официјално беа јавно понудени, бележи губиток во просек од два милиони американски долари.

И додека самиот просек на загуба делува доста болно, има и луѓе кои имаат изгубено далку поголеми суми на пари. Станува збор за челните луѓе на Фејсбук, па така на пример Марк Цукерберг има изгубени неверојатни 10,5 милијарди долари, а извршниот директор Шерил Сандберг од месец мај има изгубено 700 милиони долари.

Само за потсетување, акциите на Фејсбук кога се појавија на пазарот вредеа околу 38 американски долари по акција, додека кон крајот на месец септември паднаа дури на 17,55 долари по акција – што претставува најниската цена по акција откако оваа популарна друштвена мрежа за прв пат се појави на берзата.